Louis Vuitton објави дека Zendaya е новиот глобален амбасадор на брендот, по тој повод споделувајќи и фотографии од најновата кампања посветена на Capucines чантата.


За реализација на кампањата беше ангажирано фотографското дуо Mert Alas и Marcus, а снимано е во уникатниот амбиент, во куќата на Roquebrune-Cap-Martin, дизајнирана од архитектот Eileen Gray, сместена на Азурниот брег.
Кампањата ја истакнува сензуалната убавина на Zendaya и оддава почит на Capucines чантата – еден од класиците на брендот./М.М.

You may also like

Comments are closed.