Од доаѓањето на Maria Grazia Chiuri за креативен директор на Dior, создадени се и успешно поставени на пазарот повеќе нови стилови на чанти, како Book Tote или Saddle. Сепак, и во новосоздадените услови, Lady Dior останува скапоцена класика која го издржа тестот на времето и на трендовите.

Lady Dior модната куќа ја претставува во светли и моќни принтови, познати како разнобојни Woods All Over принтови. Изработена од кожа, чантата е надополнета со бројни украси на рачките и ременот, со логото и буквите на брендот. Основниот мотив е шумата, во две доминантни нијанси: во сина и портокалова.

Деликатниот D.I.O.R. шарм на Woods All Over Lady Dior доаѓа со оригиналното премачкување со кое се потенцирани боите, со додадениот флуоресцент.
Woods All Over Lady Dior ќе се нуди само во средна големина, со димензии: 24 – 20 – 11 cm, што ја прават одлична опција за секојдневна употреба./М.М.
За повеќе информации, посетете го DIOR.com

 

 

 

You may also like

Comments are closed.