Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија. Со тоа нашата земја се приклучува кон растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12 000 луѓе.
Патувањето на Wolt е започнато во 2014 година, како мала стартап компанија со шест коосновачи, а денес е водечка платформа која поддржува економска активност од 19 милијарди евра на пазарите каде е присутна и дава значителен придонес во економиите на регионите во кои работи. Во изминатата деценија, Wolt соработуваше со повеќе од 150 000 трговци, обработувајќи 700 милиони нарачки.
Интересно е тоа што најпопуларниот производ во сите 28 земји е хамбургерот, со вкупно 130 милиони нарачки. Достигнувањата на Wolt вклучуваат рекорди како достава што патувала 4 000 километри, низ седум земји – од Грузија до Германија, како и најголема поединечна нарачка, од 8.559 евра, за електронска опрема.
Надвор од својот основен модел за испорака, според соопштението, Wolt ги диверзифицира своите услуги за да вклучи други важни производи, како лекови и електроника.
Што ги привлекува луѓето кон Wolt? Партнерите за испорака се привлечени од флексибилноста и дополнителните можности за заработка, со преку 450 000 поединци кои соработувале со Wolt, колективно заработувајќи 3 милијарди евра. Клиентите ја ценат брзата и достапна услуга на платформата за достава. Во текот на изминатата деценија, Wolt стана синоним за сигурна достава и се етаблира како клучен сојузник за локалните бизниси, се посочува во соопштението. Wolt постојано развива технолошки алатки, кои се движат од локална логистика до малопродажни софтвери и финансиски решенија, а работи и со свои продавници за прехранбени производи, под брендот Wolt Market.
More in:Вести
На седми декември, завршен концерт на проектот “Македонијо во срце те носиме”
Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на ...
Роденденски попуст од МТЕЛ
Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – три години успешна работа на македонскиот ...
Пригоден попуст на свечените фустани на Monika Dimova
Monika Dimova за овој Black Friday нуди ексклузивни попусти на целата колекција свечени фустани. Облеката ...
Пожарникарите и Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, се избрани за „Мажи на годината 2024“
На седмото издание на престижната манифестација „Мажи на годината“, одржана во Националната Опера и Балет, ...