Најголемиот извор на референци за Vivienne Westwood не е никој друг, туку самата Vivienne Westwood. За оваа и наредната, зимска сезона, легендарната дизајнерка и нејзиниот тим одново ги измешаа елементите од нејзиниот последен каталог, притоа вметнувајќи новозамислени елементи. Нормално, сите ткаенини и материјали создадени за колекцијата се проверено беспрекорно одржливи.
Бидејќи ова е Година на тигарот и пазарот реагира на таквите референци, тимот на Westwood се наврати на шоуто „Дива убавина“ од 2001 година, во кое беа прикажани тигарски принтови, сега репродуцирани на соодветно кроење во здолништа, панталони и кошули од памучно кадифе и сертифицирана, одржлива вискоза за фустани и кошули, за двата пола.

Имаше, исто така и нов поглед на тигарот со пиксели и на вискоза, преку дигитално печатење и асиметрични силуети, кои инаку се и заштитниот знак на Westwood.
Отпечаток на Vivienne Westwood во некои од колекциите, меѓу кои е и оваа, е инспириран од Matisse, што се гледа и од композициите на претставувањето на моделите.
https://www.viviennewestwood.com/en/collections/vivienne-westwood/aw2223-lookbook/
Dame Vivienne Westwood е легендарна британска модна дизајнерка која даде огромен придонес во областа на меѓународната мода и стил. Со кариера долга четири деценији Вествуд е останува оригинална и доследна на себеси. Нејзините неуморно индивидуалистички дизајни се симболи на моќна оригиналност, со елементи на панк стилот. Таа го врати и го интегрира панкот во мејнстрим модата. Создаа и разновидна палета на облеки, од кои некои промовираа политички пораки како што се Кампањата за нуклеарно разоружување и климатските промени.
Важи за еден од најуникатните и најискрените модни дизајнери во светот. Нејзината модна куќа „The Vivienne Westwood“ е присутна во кралските колекцији, на црвениот ќилим, исто како и во комерцијалните ланци./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.