Колекцијата е модното кредо на дизајнерот, според кое модата е уметност која пружа радост и задоволство и која прави секој да се чуствува особено, автентично.
Модата е уметност – го потврдува тоа и Vigor, свечената колекција на стпскиот дизајнер и креатор, Игор Тодоровиќ, преставена на неодамнешното, јубилејно 50. издание на L’Oreal Fashion, во белградското Народно позориште.
Од Студио Игор Тодоровиќ беше претставена уникатна колекција, насловена како Vigor, која симболизира сила, енергија, експресија… Моделите на пистата беа облечени во елегантни и луксузни креации, во многу бои и дезени. Модните комбинации се наменети за ден, попладневни дружења, како и за свечени настани.
На големата бина блеснаа модели на високата мода, со внимателно одбрани материјали и дезени и со многу рачна доработка.
Раскошната колекција ја потврди примарната посветеност кон фустаните, од оние наменети за коктели до долгите, гламурозни, а беа прикажани и мајсторски скроени свечени костуми, идеални за сезоната на празнувањата во која навлегуваме.
Присуството на еко крзно и овојпат не изостана, во вид на шалови, наметки, јакни. Што се однесува до претставените боји, спектарот беше од бела, преку омилената сина, потоа зелена, виолетова, песочно сива, црвена, па сè до незаменливата – црна.
Посебно внимание беше посветено на шапките, кои беа изработени специјално за оваа пригода од брендот Ercegovac Hats.
Според оценките на посетителите и реакцијите на социјалните мрежи Vigor е потврда на кредото на дизајнерот дека модата е уметност./М.М.