Victoria’s Secret со голем прием и пригодна изложба во Њујорк неделава ја претстаави својата нова модна ревија, презамислена во видео формат и насловена како турнеја (The Tour 23). Се работи за видео за светската турнеја на брендот, поставена на Prime Video, кој прикажува глобален моден настан со нова генерација жени на кои Victoria’s Secret им даде шанса за промоција на модните ревии во Токио, Лондон, Богота и Лагос.
Новиот начин на промоција, сосема поинаков од оној реализиран во славните времиња на брендодт, остави доминанен впечаток, иако освен многу долна облека на ретроспективната изложба, и неофицијалниот кодекс на облекување на присутните на настанот во Њујорк како да беше во истиот тон.
Според бројните гости и учесници во модното видео, меѓу кои беа и Gigi Hadid, Naomi Campbell Adriana Lima, Priyanka Chopra, Chloe Fineman и Emily Ratajkowski, промената во претставувањето на брендот е позитивна. По времето кога Victoria’s Secret кажуваше како треба да изгледаат жените, брендот сега како да се залага луѓето и поединците да бидат такви какви што се.
Меѓу присутните на видео модната турнеја беа и поранешните ангели на VS, вклучувајќи ги Adriana Lima, Imaan Hammam, Candice Swanepoel, Taylor Hill и Lily Aldridge.
Naomi Campbell рецитираше песна напишана од еден од „Victoria’s Secret 20“, група светски креативци, регрутирани да придонесат за видеото на брендот. „Првото правило за оваа планета е: не гледајте ѕвезда во очите, доколку сè уште сакате да живеете“.
Gigi Hadid беша одбрана да ги претстави целите на видео турнејата на Victoria’s Secret. „Целта беше да се даде можност на новата генерација креативци од целиот свет да ги раскажат своите приказни и да ги видат нивните креации оживеани на светската сцена“.
Сепак, пазарот ќе покаже дали и колку новата стратегија е успешна и ќе помогне ли во враќањето на поранешните високи позиции на брендот./М.М.