Есенската колекција на Valentino, претставена од креативниот директор Pierpaolo Piccioli, во парискиот салон „Carreau du Temple“, служеше како потсетник за важноста и за длабокото влијание што бојата може да го има врз сетилата. Освен изборот на целосно црн изглед, колекцијата, па дури и самата писта, беше целосно розова и, според зборовите на дизајнерот, во бојата на „љубовта, на заедницата – енергијата и слободата. Откако очите на гостите ќе се прилагодат на хипнотичката нијанса наречена „Пинк ПП“ – која е препознаена од Институтот за бои Pantone, своето внимание можат да го насочат на деталите: од изразите на лицата на моделите, до деталите на женската и машка облека, па се до комплементарна топло-розова шминка.


За изборот на боите на просторот и на модели Pierpaolo Piccioli вели дека тој го избрал она што го нарекол „монотоно“ за да ги отстрани дистракциите и да ги концентрира погледите на гледачите на разликите помеѓу претставените 80 силуети и детали, наменети како за жените, така и за мажите.


Розовата боја е единствената во 40 силуети, и тоа од главата (со розовата сенка за очи), до петиците (тоа се чевли со екстремно висока платформа или подигнати патики). Розови се предимензионираните здолништа и панталони, како и кошулите со спуштени рамена, како и оперските палта…розовото е и за големото финале, со пердуви од ној, прекрасни деколтеа и везови.


Со префрлување на црно, од средната на колекцијата, Valentino ја покажа елеганцијата и чувствителноста на покажаното – до надмоќна предност. Она што го прави Piccioli со спојување на топовите од тантела и превртен тул со панталони со кои изгледот станува модерен, а целата црна линија носи големи, величествени чувства за модата во есен./М.М.

 

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.