UPSIDE Foods, позната и како Memphis Meats, штотуку објави дека доби одобрение од FDA на САД за култивирано месо – пилешко и морска храна, со што стана прва таква компанија во светот.

Во соопштението од компанијата велат дека се работи за пресуден момент во историјата на храната. На производите на UPSIDE Foods им е доделен статус на „Општо признаен„ како безбеден (GRAS).
UPSIDE Food со зелено светло за култивирано месо.
Овој потег го отвора патот на компанијата кон пазарот во Соединетите држави и го носи култивираното месо чекор поблиску до лансирањето на американскиот пазар, се вели во соопштението за печатот. Ова го следи кругот на UPSIDE од 400 милиони долари од Серија Ц ,во април лани. UPSIDE тогаш изјави дека ова е најголемиот круг во индустријата досега, со што неговата проценка е над милијарда долари.


Ова е пресуден момент во историјата на храната, вели д-р Uma Valeti,, извршен директор и основач на UPSIDE Foods. Со UPSIDE почнавме во време полно со скептици, за денес да ја пишуваме историјата, како прва компанија што доби зелено светло за култивирано месо од FDA. Оваа пресвртница означува голем чекор кон нова ера во производството на месо од животински клетки.
Од своето основање, во 2015 година, UPSIDE Foods го поддржува развојот на регулаторната рамка за култивирано месо – за безбедноста и транспарентноста. Во 2018 година е реализирана соработка со Северноамериканскиот институт, за заеднички регулаторен надзор врз култивираното месо од страна на FDA и Министерството за земјоделство на САД (USDA). Следната година, UPSIDE Foods ја коосноваше првата светска трговска коалиција за култивирано месо, Алијансата за иновации за месо, живина и морска храна (AMPS Innovation)./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.