Рекламната кампања за својата пролетно/летна колекција 2022, Ulla Johnson ја реализира во Мароко, во палатата El Badi. Фотосесијата дава чисти, елегантни и софистицирани вибрации, во кои главната улога ја има водечкиот модел Nora Attal. Фотографирана е од Yelena Yemchuk, во простор на со векови од сонце натопен камен и насликани плочки, каде што колекцијата соодветно го надополнува просторот.

Преставувајќи ја својата пролетно летна колекција и рекламната кампања создадена за нејзино објавување, Ulla Johnson вели: „Фотографиите за кампањата се снимени на античката сцена на El Badi, со мароканската убавица Nora Attal. Колекцијата има свое особено значење поради уникатната ткаенина и сложените хеклани цветови на преставените силуетите, на кои се копирани калеидоскопската патека и колоритните плочки на просторот околу и во палатата„.

Ulla Johnson е американска дизајнерка која над две децении го гради и усовршува својот препознатлив стил низ улиците на Њујорк и далечните дестинации од семејните патувања.
Препознатлива е по својата непоколебливост и постојаното внимание на деталите во создавањето на модната композиција, засновајќи ја секоја нејзина колекција врз основа на природни влакна, убава завршна обработка и лесно приспособување кон формата./М.М.

https://ullajohnson.com/

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.