Tory Burch

„Интересно време е да се дизајнира во моментов“, вели  Tory Burch, преставувајќи ја годинешната пред-есенска колекција. Позната американска дизајнерка и деловна жена, која е на врвот од истоимената модна куќа веќе неколку децении, смета дека актуелното време сите ги прави малку поинтроспективни: размислуваме за тоа што навистина сакаме, што ќе трае, нешто што не е минливо. “Уживам во предизвикот“ истакнува Burch.

Тоа е  забележливо и преку моделите на колекцијата. Таа ја гледа поделбата меѓу луксузот и несериозноста и нема да ја премине границата.

Tory Burch

Колекцијата не навраќа на насочената ефикасност на американската спортска облека од 70-тите години на минатиот век, и дава модерен, актуелен изглед на нешто едновремено и практично и шик.

Дизајнерката секогаш имала успех со своите кафтани: оваа сезона кафтанот е со чипка и волани, во впечатлив доминантен дизајн и како таков ја потврдува определбата на дизајнерката Tory Burch и натаму да владее со кардиганите./М.М.

Tory Burch

Tory Burch

Tory Burch

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.