Tom Ford

Том Форд го лансира својот најнов мирис – Costa Azzura, воведувајќи не во време на летните одмори и надежта дека тие и ќе се остварат

Tom Ford

Според брендот, Costa Azzura е и здив и воздишка по летото: унисекс мирис дизајниран да предизвика спомени од морскиот воздух со дрвенест, цитрусен, зимзелен и ароматичен мирис.

Tom Ford

Новиот мирис на Том Форд е ароматичен, воден мирис. Врвните ноти се со дрво, морска трева, алое, кардамон и семе од целер. Средните ноти се лимон, чемпрес, лаванда, жолта мандарина, мирта и артемизија, а основните: даб, темјан, олибанум, ветивер и ванила. Во кампањата на новиот мирис учествува моделот Parker van Nord./М.М.

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.