Rosica Mrsik

Колекцијата е карактеристична по нејзиниот специфичен потпис: скулптурален пристап кон градење на женствена силуета, на необично убав начин, со предизвик да се деконструира класичното и да се создаде различен изглед, преставен со нов визуелен јазик

Модната дизајнерка Росица Мршиќ создаде капсулна колекција која ја одразува нејзината визија за потребите на времето кое го живееме: топла, опуштена, секојдневна, а во исто време и колекција со изразен дизајнерски импулс. Колекцијата е лесна за носење во текот на целиот ден, без-сезонска, со можност да се комбинира и прилагодува на индивидуалните потреби. Со изразена и препознатлива естетика, едновремено е и практична во секојдневието.

Rosica Mrsik

Колекцијата е карактеристична по нејзиниот специфичен потпис: скулптурален пристап кон градење на женствена силуета, на необично убав начин, со предизвик да се деконструира класичното и да се создаде различен изглед, преставен со нов визуелен јазик. Дизајнирано со современа, графичка и чиста естетика, секое парче е внимателно создадено, со фокус кон деталите, и со употреба на контраст во изборот на бои и волумен за постигнување на чувство на комфор.

Rosica Mrsik

Новина во дизајнирање на колекцијата е вметнување на автентичен дизајнерски принт на материјалите од кои е изработена колекцијата, како и модни додатоци кои се печатени со авторскиот принт.

Rosica Mrsik

Дизајнерката верува во ставот дека мора да постои креативен предизвик при создавање на секоја нова колекција, за творењето да биде оправдано. Предизвикот е изразен преку експериментирање со кроеви, употреба на бои, материјали и истражување на нови естетски изразувања. На тој начин се постигнува вредност на секое модно парче и колекција, да биде визуелно и естетски потврдено и со долготрајна актуелност.

Облеката што се дизајнира и изработува е резултат на искуството и ставот на дизајнерот, а брендот Росица Мршиќ секоја сезона создава мали, внимателно креирани, лимитирани серии со минимално влијание врз животната средина.

Rosica Mrsik

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ, софистициран и деликатно скулптурен стил. Основан во 2009 година, брендот Росица Мршиќ е меѓу првите кој работи по принципот на одржлива и бавна мода, и создава автентични модни колекции и модни додатоци. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но женствен потпис со прецизна изработка и софистициран изглед, претпочитан од следбеничките на иновативната и безвременска естетика.

Фотографии: AniDimi Photography

Модел: Сандра Алекс/ fern_style_

MUA: Зорица Николова

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.