Со изработка на 160 тиари за дебитантките на Виенскиот операски бал (Wiener Opernball), Swarovski го одбележа својот 130-ти роденден. Австриската компанија, основана од Daniel Swarovsk е глобално позната по своите високо квалитетни, прецизно изработени кристали и накит.
Тиарата, која ја носea 160-те девојки на балот, претставува симбол на долгогодишното партнерство помеѓу Swarovski и овој престижен културен настан. Повеќе од луксузен додаток, тиарата ја отелотворува и традицијата на балот и поврзаноста со виенскиот валцер, овозможувајќи и на австриската компанија да ја покаже умешноста на својата изработка. За прв пат, тијарата е дополнетаа со соодветна игла за вратоврска, за придружниците на дебитантките.
Од 2006 година, Swarovski ги дизајнира тијарите што ги носат девојките на отворањето на Виенскиот оперски бал. Едно време брендот повикуваше познати дизајнери да го создадат ова парче накит, па така свои дизајни имаа и Karl Lagerfeld, Jean-Paul Gaultier, Dolce & Gabbana и Donatella Versace.
Виенскиот Операски Бал се смета за еден од најубавите, а претставува и официјален државен бал на Република Австрија. Овој културен настан започнал пред 148 години и се одржува секоја година во Виенската државна опера.
Освен на балот, брендот го прошири своето присуство и на гала вечерата во Hotel Sacher, кадешто гостите блескаа во креациите на Swarovski. Годинава меѓу гостите беа и моделот и ќерка на топ-моделот Hedi Klum, Leni Klum, јужноафриканскиот модел и ангел на Victoria’s Secret, Candice Swanepoel и актерот и музичар Ed Westwick./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.