Stella McCartney е прогласена за командант на Редот на Британската империја (Order of the British Empire).
Кралот Чарлс ја прогласи модната дизајнерка за командант на Редот на Британската империја (CBE), за постигнатото во доменот на одржливата мода.
На церемонијата во замокот Винздор, дизајнерката носеше ансамбл многу сличен на оној што го имаше кога ја прифати својата OBE од Кралицата Елизабета, во 2013 година. Инаку, нејзиниот фустанот е изработен од NATIVA™ волна која ја набавува компанија која нуди транспарентен синџир на снабдување и се опишува како „најнапредна 100% Мерино волна на глобално ниво“.


Британската модна дизајнерка, инаку ќерката на Paul McCartney, со децении создава еколошки внимателни колекции поради што досега два пати е прогласена за командант на Редот на Британската империја (Order of the British Empire).
McCartney е пионер и иноватор во областа на еколошката облека, откако пред 2022 ја основа својата истоимена модна куќа, по поминати четири години како креативен директор на Chloé. Дизајнерката како активист се бори за правата на животните, како и нејзината покојна мајка Linda McCartney.
Дизајнерката во моментов е многу ангажирана во подготовката на својата нова колекција која ќе ја претстави на шести март, во Париз./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.