Snap штотуку ја претстави најновата генерација очила за аугментирана реалност, наречени Spectacles.

Новите очила се слични со претходните по содржини, со тоа што вградените карактеристики на аугментираната реалност, сега можат да бидат „реалистично поставени, на дигиталните објекти, во физичкиот свет.”  Две  камери им овозможуваат наочарите визуелно да се сместат во вашата околина, додека четири микрофони, два стерео звучника и два контролни, го заокружуваат уредот.

Искуството за аугментираната реалност потоа се проектира преку двојни 3Д-дисплеи. Snap се здружи со низа креатори на содржини и уметници за да ги тестираат наочарите. Од резултатите на тестирањето зависи и кога наочарите ќе можат да се купат.

Покрај откривањето на новите Spectacles, Snap откри и неколку нови функции за својата платформа Snapchat. Корисниците наскоро ќе можат да типуваат на различни креатори на содржини, преку посебна апликацијата, со испраќање „подароци“. Штом вредноста на тие „подароци“ биде поголема од 100 УСД, следи исплата на креаторот на содржината.

Snapchat исто така ја проширува својата функција „скенирање“ и сега лансира нова функција „Screenshop“, функција што ќе препорачува различни облеки, кога ќе се скенира определена, посакувана облека, поврзувајќи ве со разни онлајн продавници./M.M.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.