Четвртото издание на Skopje Fashion Festival ќе се одржува од трети до шести април, во трговскиот центар Diamond Mall. Ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеја на познати брендови од домашната сцена, како и на гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно ќе земат учество во официјалната програма на настанот.
„Среќата е насекаде!“ е слоганот под кој македонската метропола одново ќе пулсира во пролетниот моден ритам на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, на нова локација и со сосема поинаков концепт од претходните три изданија. Домаќин на четвртата сезона е трговскиот центар Diamond Mall, кадешто публиката од земјата и странство ќе има можност да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук, за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.


Фестивалот ќе биде отворен со јубилејната ревија на македонската дизајнерка Ивана Кнез, насловена како „Viva La Drama“, додека затворањето е резервирано за Sara Fashion, познат македонски бренд за долна облека кој обележува 25 успешни години со возбудливо шоу. Специјални музички гости се The Blackberries Band.


Организаторите традиционално изработија и моден филм, како најавно видео за четвртата сезона, во соработка со Viral Agency, каде како заштитни лица и главни протагоности се појавуваат: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска. Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Генерален покровител и партнер на Скопски моден фестивал е Државна лотарија.

Најавното видео е на следниот линк:

 

You may also like

Comments are closed.