Културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2023 ќе биде одржан во петок, седми јули, на стадионот на АРМ во Скопје. На фестивалот, според најавата од Авалон Продукција, ќе настапат Нина Кравиц, Лајбах, Констракта и Земја Грува, Буч Кесиди, и „Nipplepipple“.
Според најавата на Бобан Милошески, сопственик на Авалон Продукција, се предвидува продукциски фестивалот да биде на највисоко – светско ниво.
Според Милошески, Skopje Calling е насочен кон „меинстрим“ генерацијата, да биде фестивал за публика од седум до 70 години, особено доколку се земе предвид дека публиката на Констракта и на Буч Кеседи е помлада, публиката на „Nipplepipple“ е во некои си средни години, додека публиката на Нина Кравиц е во средни и помлади години.
Тој потенцираше дека фестивалот е авангарден и прилагоден спрема музичкиот концепт, односно ќе се загрева атмосферата до настапот на Нина Кравиц./М.М.