V за vacation – тоа е кратенката под која се промовира најновата Valentino Escape 2023 колекција.

Новата капсулна колекција наменета за летово ја градат мини фустани и воздушести кафтани украсени со живописни принтови од 70-тите години на минатиот век, во комбинација со додатоците на Valentino Garavani.

Излегувајќи од архивата на модната куќа,  модели се реинтерпретирани низ принтовите: Valentino Animalier, Panther и Loop.

Оживеани се лелеави силуети и мини фустани, за да внесат вибрантна енергија кога се комбинира со бројните додатоцина Valentino Garavani.

Инспириран од кампањата на Viva Valentino од 1971 година, принтот на Valentino Loop е главниот лик на специјалната маица која е ексклузивно достапна на интернет.

Отпечатоците од архивата  се повторно замислени за магични одмори. Valentino ќе ги надополни со ексклузивни настани, во местата за одмор во Италија,Грција, Франција и низ САД./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.