Креативниот директор Daniel Roseberry, соодветно на кодот на брендот, ги користи ѕвездите за почетна точка за колекцијата. Резултатот е серија профили познати и непознари – дел човек, дел нешто друго. Фустаните се скуптурани и кренати кон високото небо, со агли што се чувствуваат суштествено надвор од овој свет. Според тоа, и целосно се Schiaparelli.


На отворањето на Париската недела на високата мода, со ревијата на Daniel Roseberry, славниот дизајнер посочи на клучните елементи кои влијаеле врз создавањето на колекцијата.


Тој вели дека интересот за просторот и вселената отсекогаш биле неформален код на модната куќа Schiaparelli. Основачот, Elsa Schiaparelli била преокупирана со астрологија, а сето било и семејна преокупација. Имено, во 1877 година нејзиниот вујко, Giovanni Schiaparelli, директор на миланската Brera обсерваторија, открил серија канали на површината на Марс. Тој го измисли и терминот „марсовец“, ненамерно започнувајќи ја модната фасцинација со суштества од таму, фасцинација што продолжува до ден-денес. Колекцијата е омаж на таа фасцинација и опсесија.


Иако Roseberry можеби ја закотви колекцијата во ѕвездите, вселената и противречностите на авангардата, тој исто така наведе дека работите и идеите кои изгледаат дијаметрално спротивни едни на други, исто така, може да се комбинираат за да направат зачудувачки химери, предмети составени од познати делови кои, кога се обединуваат, создаваат нешто неочекувано и ново.


Според Roseberry, во колекцијата се комбинирани техниките на стариот свет, како прекумерно извезени фустани, апликации од кадифе и тантела и рачно исечени и извезени детали, со нови светски форми, обрасци и референци. Таков е фустанот од матична плоча и микрочип, обложен со технолошки артефакти од пред 2007 година – сега таа технологијата е толку застарена што е речиси исто толку тешко да се набави како одредени винтиџ ткаенини и украси.


Колку што Roseberry го зацементира надреализмот како карактеристика на брендот и го донесе во првите редови на модата, тој исто така постави и високи стандарди за лудо интересна мода.
Доколку сето не е доволен доказ за блескаво шоу на пистата, требаше да се слушаат големите овации на крајот од шоуто – реткост во закопчаниот свет на високата мода./М.М.

На сајтот на Schiaparelli се поставени модниот филм и сите изгледи од ревијата:

https://www.schiaparelli.com/en

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.