Оние кои летово го помирисале Santal 33 тврдат дека е неповторлив. Оние кои го имаат тврдат дека новата верзија на парфемот создаден пред деценија е едноставно волшебен и дека на секого поинаку мириса. Во прашање е унисекс парфем на париската парфемска куќа Le Labo.
Во преставувањето, од Le Labo истакнуваат дека сите луѓе само еднаш се млади, но дека вечно созреваат. Santal 33, според нив, е жив оган во кој сензуалноста расте кога светлоста ќе исчезне.
Santal 33 му дава посебна и сосема поинаква аура на оној кој го има на себе. Содржи ноти од кардамон, ирис и синоличка, кои формираат алхемија која на крајот води до дрвена легура која мириса на мешавина од кедар и сандалово дрво, поради што парфемот развива уникатно чувство на зависност кај оние кои го пробале.
Парфемот чини 175 долари и е производ на парфимеријакоја ги користи најдобрите светски „носови“ за да ги тестира своите мириси. Во Le Labo веруваат дека има премногу убави шишиња за парфеми, но дека тие немаат душа. Веројатно поради тоа Santal 33 е во пакување што наликува на аптекарско од 50-тите години.
Од Le Labo веруваат дека вистинските парфеми мора да предизвикаат шок кога ќе ги пробате. Затоа, иднината на парфемите е во занаетчиско, а не во масовно, индустриско производство./М.М.