Salvatore Ferragamo

Инспирирани од свиленкастите сензации на Ferragamo, Storie di Seta се новата линија на универзални мириси што се сложуваат и се мешаат во оригинални, но и беспрекорни, на традицијата верни парфеми од куќата на парфемите.Storie di Seta, најновата од колекцијата на Salvatore Ferragamo нè води кон вошебните градини на фантазијата, со четирите нови мириси – инаку дел од линијата Storie di Seta: Giardini di Seta, Giungle di Seta, Oceani di Seta and Savane di Seta. Видео приказна за новите парфеми од приказните на Seta се на следниов линк. https://www.ferragamo.com/shop/eu/en/sf/storie-di-seta

Salvatore Ferragamo

Како што објавија од брендот: “Четирите мириси се обединети од Filo di Seta, со ексклузивен договор со парфемерите Emilie Coppermann и Aliénor Massenet of Symrise. Filo di Seta е во основата на секој парфем и го прави уникатен, но и отворен за слоевитост со една или повеќе ноти, за да се добие посебна мирисна мешавина. Neo Soie Velours de Laine евоцира сензација на свила и се поврзува со новата колекција на Salvatore Ferragamo, парфимерија која со децении создава врвни мириси.”

Giardini di Seta е создаден да изненадува, отворајќи ги портите кон скриените градини на фантазијата.

Salvatore Ferragamo

Giungle di Seta е новиот цветен парфем што зрачи со освежувачки излив на егзотична флора. Светлосната душа на мошусот го воздигнува и подготвува за живописно искуство во дивата џунгла “, а сончевиот и енергичен, Savane di Seta, со меките нијанси на индиско сандалово дрво, повикува во мистериозни предели.  Oceani di Seta – е нова мирисна приказна и уникатен портрет на длабочините на океанот, како на подводен рај“./М.М.

Salvatore Ferragamo

Salvatore Ferragamo

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.