Коментирајќи ги ресите на голите гради на моделите, од ROTATE истакнуваат дека е неверојатно моќно да се покаже кожа и да се прегрне сопственото тело. Не само што е секси, туку е и бунтовно и храбро.
Претставувањето на ROTATE за пролет/лето 2024 година на модната недела во Копенхаген ( Copenhagen Fashion Week) понуди повеќе пораки: одржана со причина во луксузниот хотел D’Angleterre, колекцијата испорачува сурова и бунтовничка енергија, црпејќи инспирација од големите лондонски дизајнери од 90-тите години на минатиот век.
Имено, Jeanette и Thora голем дел од инспирацијата за самата колекција наоѓаат во класичната париска хотелска архитектура и богатството на декор, како кадифе и реси за завеси.
Од таму е и изборот на локацијата, хотелот D’Angleterre, чија класичната елеганција нуди соодветна позадина за модното шоу.
Дизајнирана за „софистицирани бунтовници“, колекцијата се движи помеѓу идеите за традиција и за отпор, објавувајќи тесни фустани со моторџиски панталони, за изгледи во који „ панкот се сретнува со модата“. Градејќи концепт на контраст, колекцијата прави премини од машки кон жестоки женски силуети, со кошули и корсети со исечени торза.
Rotate за пролет/лето 2024 го следи одговорна дизајнерска етика на брендот, со ткаенини кои можат да се пофалат со 92% сертифицирана употреба на материјали. Тоа е впрочем и условот да се најдат во распоредот на Copenhagen Fashion Week. Имено, веќе втора сезона учеството на овој моден настан е дефинирано според правилник за одржливоста и етиката што брендот треба да го применува во своето работење.
Rotate е бренд на Birger Christensen, со седиште во Копенхаген, создаден во партнерство со инфлуенсерките и стилистки Jeanette Madsen и Thora Valdimarsdottir. Од брендот посочуваат дека Rotate е одговор на размислувањата за празнините во гардероберите на Jeanette и Thora, како и за парчињата што посакуваат да ги имаат. Rotate има дистрибуција во 40 земји ширум светот и бележи постојан успех во деловното работење./М.М.