Иако веќе по втор пат престојува во Милано, интернационалниот модел Горјана Кулишевска – Џоја баш неодамна изработи лукбук за престижниот дизајнер Alexander McQueen. Фотографирањето се случи во просториите на дизајнерот, а беше наменето за групацијата Net a Porter.

Горјана Кулишевска неодамна потпиша и договор со една од најдобрите модни агенции, NEXT MODELS и, очекувано, следеше добар ангажман.

Кулишевска е долги години на модната сцена но, сепак, победата на Лице на Годината за 2017 и ги отвори вратите на светскиот моделинг. Освен Моделс ИН Менаџмент, кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград, која успешно ја претстави во Милано и Париз.

Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел што успева посветено, паралелно да работи како интернационален модел и да биде одличен  студент на молекуларна биологија.

Моделс ИН Менаџмент


More in:Модели

You may also like

Comments are closed.