Колекцијата на ROTATE за идните пролет/лето 25, претставена во рамките на модната недела во Копенхаген,(Copenhagen Fashion Week), беше своевидна прослава на винтиџ шармот со современ стил. Со силна наклонетост кон ескапизмот од 1920-тите, колекцијата покажа скратени панталони, кошули и лелеави шифон фустани кои евоцираа разигран, но софистициран дух на минатото. Сложените детали, како што се витражните ефекти, додадоа слој на луксуз на занаетчиската изработка на секое парче.


Цветните мотиви кои, всушност, се своевиден потпис на брендот ROTATE, беа повторно обмислени со бујни рози и со мониста, создавајќи посебна врска со природата.
Соработката со Pandora, со смели парчиња накит, го комплетираше романтичниот и елегантен наратив на колекцијата, правејќи ја една од најистакнатите ревии на сезоната. Pевијата e на слениот линк :

ROTATE на Birger Christensen е дански моден бренд со седиште во Копенхаген, познат по своите разиграни дизајни, инспирирани од 80-тите. Брендот нуди колекции кои ги почитуваат и стогите услови на одржливотс во создавањето, промовирани од нивната штотуку завршена Модна недела./М.М.

You may also like

Comments are closed.