Еден од доајените на италијанската и на светската мода, Renato Balestra , се симна од модната сцена по речииси седум децениско творештво, заминуваjќи во 98-та година од животот. Двете ќерки, Фабијана, со нејзината ќерка Софија Бертоли и Федерика, го наследуваат брендот, многуте лиценци и новите проекти што ги развиваат.
Во колекциите промовирани по смртта на дизајнерот, овој декември, наменети за празнувањата и за идната пролет, духот на Renato Balestra е повеќе од присутен. Минатото и иднината се здружуваат за да ги инспирираат новите генерации, пососчуваат од брендот, во преставувањето на колекциите. Balestra е креативност низ генерации.
Роден во Трст, во 1924 година, во семејство на инженери и архитекти, Balestra случајно пристапува кон светот на модата и тоа откако неговите пријатели испраќаат една од неговите скици во Рим.
Неговиот талент веднаш освојува и Balestra ги напушта инженерските студии, за во 1954 година да се пресели во Рим, каде што работи за Емилио Шуберт, Марија Антонели и сестрите Фонтана. Работи и за филмската индустрија – негова креација се фустаните који ги носеле Ава Гарднер, Џина Лолобриџида и Софија Лорен. Поради уникатниот уметнички дух често е опишуван како „моден сликар“.
Првото модно ателје го отвора во Рим, во 1959 година, а станува познат по комбинирањето на ткаенини со прозирни материјали, дизајнерските свечени фустани, како и неговата боја – неговата сина, наречена уште и Balestra blue.
Во време кога модата постојано се менува и постојано се движи, наследство на Renato Balestra и аурата на неговиот стил, остануваат да ги осветлуваат и новите колекцији на брендот што го носи неговото име.
Во 1961 година ја претстави својата прва колекција на висока мода во ГНАМ. Во 1962 година ICE го назначи за амбасадор на Made in Italy во светот. Потоа следуваа успеси во сите модни места во Италија, Европа, САД…
На крајот на 60-тите, брендот беше дистрибуиран во различни делови на светот, а неговата облека ја носеа првите дами, принцези и царици. Во 1978 година пристигна и парфемот Balestra, како и многу други производи./М.М.