Bobe's bakery

Благодарение на креативноста при декорирањето, божиќните колачи со кралска глазура, имаат многу облици и интрпретации, па оттаму и се едни од најомилените во празничниот период. Подготвувајте ги со најблиските, забавувајте се додека ги правите и имајте незаборавни мигови на крајот на оваа и на почетокот на идната, 2023 година.

Еве го и рецептот за подготовка.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:
– 440 гр. брашно
– 220 гр. путер
– 220 гр. шеќер
– кесичка ванилин шеќер
– јајце
– половина лажица прашок за пециво
– кафена лажица цимет

За Кралската глазура потребно е:
– белка
– 200 гр. шеќер во прав
– лажица сок од лимон
– половина лажица нишесте

Подготовка:
Во сад за матење се ставаат и матат путерот, шеќерот и ванила, а потоа се додава и јајцето. Кога смесата ќе се соедини, се додава претходно измешаното брашно со прашокот за пециво и цимет. Тестото убаво рачно се замесува, се дели на два дела , секој дел се обвиткува со растеглива фолија и се става во фрижидер на 30 минути – за да се олади тестото. Се зема едниот дел од тестото и на површина посипана со брашно се развлекува кора со дебелина од 5 мм. Потоа со модла се сечат различни форми. Се редат на плех со хартија за печење, кој потоа се става во замрзнувач на 10 минути, додека рерната се загрева на 200 Ц. Извадени од замрзнувачот колачињата се ставаат во загреана рерната и се печат 10 минути. Истата постапка се повторува и со другиот дел од тестото.
Убаво изладени, колачињата се декорираат со кралска глазура.
Во цврсто изматена белка, постепено се додадава шеќерот во прав измешан со нишесте и се мешаат се додека не се добие густо- течна смеса. На крајот со мешање се додава и сокот од лимон. Глазурата се дели на повеќе дела, се става во шољи, зависно од бројот на боите кои треба да се направат. Во секоја од шољите се додава прехранбена боја, која потоа се става во фишеци од хартија или во кесички. Колачињата се украсуваат со разнобојните глазури и се оставаат најмалку два часа на собна температура, за глазурата да се стегне и исуши.
Божиќните колачи со путер се чуваат во кутија за колачи.

Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...

You may also like

Comments are closed.