Priyanka Chopra Jonas

Актерката, филмска продуцентка, активистка и – според NYT, меѓу најпродавани писатели, Priyanka Chopra Jonas доби нова улога: глобален амбасадор на Bvlgari. Претставувајќи го напредокот, различностите и инклузијата на жените, ќе ја поддржи римската куќа за накит во засилувањето на брендот низ целиот свет.

Како симбол на моќ и сила за милиони млади жени, Chopra Jonas совршено се вклопува во наративот на BVLGARI: таа е амбасадор на добрата воља на UNICEF, добитник на престижната Danny Kaye Humanitarian награда и е постојно ангажирана во заштитата на правата на децата и за унапредување на образованието на девојчињата ширум светот.

Priyanka Chopra Jonas

Неодамна, за да и помогне на родната земја Индија во справувањето со вториот бран на СОВИД-19, Chopra Jonas создаде фонд, во соработка со непрофитната организација Give India, за да собере пари за медицинска опрема и вакцини.

„Возбуден сум што Priyanka се приклучува на нашето семејство. Со својата убавина, талент и хуманитарната посветеност, таа е инспирација и пример за милиони жени во светот. Сигурен сум дека заедно ќе развиеме возбудливи проекти, со значително општествено влијание, изајви по повод именувањето, извршниот директор на Bvlgari, Jean-Christophe Babin./М.М

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.