Prabal Gurung е моден дизајнер од Непал, кој работи и живее во Њујорк. Зборувајќи за своите почетоци, Gurung истакна дека никогаш немал заблуди во врска со величественоста, дека сакал да започне мал бизнис, многу понизно и многу скромно: и дека сакал облеката да зборува сама за себе.
Последната желба и му се исполни: на неговото деби шоу, неговиот бренд и моделите во стилот „lady cool„ одекнаа гласно и јасно низ модните простори. На нив е веќе две децении.
Освен талентиран дизајнер Gurung е со репутација на фин човек. Израснат во Непал, тој останува поврзан со својот роден крај.
Gurung, подоцна, зборувајќи за клиентите за кои сака да креира, објасни дека тоа е идеалниот маж кој не е само секс симбол, туку и размислува, како и убавата жена со мозок, што е смртоносна комбинација. Затоа, не е изненадување што две девојки од Vogue, Carey Mulligan и Zoe Saldana – новите лица на црвениот тепих, почнаа редовно да го носат неговиот бренд.
Неговите нови колекции: пред-есен и есен, се собирани во текот на локдаунот. Бевме длабоко во кризата и живеевме со многу неизвесност, но Gurung најде причини за оптимизам во бујните сцени за танцување на отворено што извираат околу Њујорк. https://prabalgurung.com/blogs/the-journal/in-the-mood-for-love-pre-fall-fall-2021
Prabal Gurung прави паралела на времето пред пандемијата и сега: на начинот на кој живееме и купувмаме: затоа скапите силуети се заменети со енергични ансамбли, полни со живот и енергија и тоа е и пораката на дизајнерот. Неговите фустани личат на вљубеници во љубовта – Се чувствував жив, се чувствував буден – вели дизајнерот по повод промоцијата./М.М.