Oscar de la Renta

Во светли бои и различни дезени, со или без прерамки, со вкусно куси или со неочекувано шармантни долги здолништа, моделите на Laura Kim и Fernando Garcia нудат неповторливо доживување, за во последните денови на летото. – Надежта дека пред-есенската колекција ќе биде и пост-пандемска, на моделите им дава особен предзнак – на среќа и светлина, а тоа, на сите им е потребно.

Дизајнерите на Oscar de la Renta,  Laura Kim и Fernando Garcia се полни со оптимизам кога е во прашање пред-есенската колекција. Светли бои, различни дезени, повеќе летни стилови и – сето тоа како да е преполно со енергија, пред да се збогуваат со летото.

Oscar de la Renta

Ова особено се однесува на мотивот на ананас дезенот, присутен во материјалите, како и на рабовите на фустаните, блузите и здолништата. Иако се работи за мотив од 90-тите тој, всушност, и не привлече тогаш особено внимание. Сега, надежта дека пред-есенската колекција ќе биде и пост – пандемска, на моделите им дава особен предзнак – на среќа и светлина. Тоа, на сите им е потребно.

Зад застапеноста на сите должини и бои, се истакнува и силуетата со спуштената половин, а за која се предлага да биде доминантна во затворањето на летото.

Многуте силуети на кои инсистираат креаторите во оваа колекција, како да претставуват порака до сите, порака што неможе да се одбие. На Kim и Garcia им се допаѓаат и за ден и за навечер. Без прерамки и со неочекувано шармантни долги здолништа, ја покажуваат подготвеноста за целодневно доживување – во последните денови на летото./M.M.

Oscar de la Renta

Oscar de la Renta

Oscar de la Renta

Oscar de la Renta

Oscar de la Renta

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.