Се работи за проект на Netflix и на Sotheby, создаден во рамките на промоцијата на филмот „Don’t Look Up“, а со цел да се поддржи намалувањето на влијанието на човекот врз животната средина. New Balancе патиките наречени ‘Don’t Look Up’ ќе бидат понудени за продажба на Sotheby на „Buy Now“ за 13.300 долари, а приходите ќе бидат искористени од страна на WWF, токму за намалување на влијанието на човекот врз животната средина.


Netflix по повод промоцијата на алегоричниот филм на Adam McKay’ – „Don’t Look Up“, во соработка со MattB Customs создаде New Balance 550 патики со фрагменти на метеоритот Сејмичан, откриен во Магадански , Русија, кој датира од пред 4,5 милијарди години.
За да се комплетира лунарниот изглед на патиките кај врзувањето имаат решетка наречена Widmanstätten шема, која е резултат на ладењето на метеоритот во текот на милиони години. Според Sotheby’s, единственото место каде што тоа може да се случи е во вакумот на вселената, така што Widmanstätten шемата се утврдува при идентификација на метеоритот./М.М.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.