Најновата колекција на Nensi Dojaka нуди облека што потсетува на онаа од 90-тите. Во соопштението за колекцијата пролет-лето 24 на албанската дизајнерка Nensi Dojaka се посочува дека фокусот е на блокирање на боите: палетата е црна, бела и неутрална, исцртана со розови додатоци и син тексас.
Текстурните елементи се истражени преку контрастот на сатен и светки, кои се среќаваат со мат вискоза.
Откако го основаше својот истоимен бренд во 2017 година, Dojaka дизајнира облека која нескромно ја слави женската форма, истовремено редефинирајќи ја секси облеката.


Во колекцијата доминираат спуштени фармерки, волнени панталони со висок струк и нежни хеланки од тул, доработени со рачно плисирање. Движењето се создава преку употреба на лесни дресови измешани со нежно набрани жоржетни годи и фустани кои се расплетуваат како ливчиња.


Мини фустаните воведени во колекцијата се инспирирани од јакни, со повеќефункционални детали што по желба можат да се прицврстат или одврзат.

Ременот за градник и мотивот на прстенот ја поврзуваат колекцијата. Прерамките се пренесуваат во обувките, создавајќи чувство на скулптурална хармонија со геометриски штикли и мрежести сандали со прицврстувања кои личат на ластари.


„Колекцијата е речиси како сезона на ресетирање. Сакав да го тргнам фокусот од многу големите вечерни тоалети и оние за на црвениот тепих“, вели Dojaka во видео обраќањето од нејзиното студио. „Оваа колекција се враќа кон суштината на брендот. Има многу врска со тоа како ја носам мојата облека и како пристапувам кон личното облекување”./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.