Byredo

“Нашата работа е да ги зачуваме емоциите во шишенце.

Се надеваме дека луѓето, читајќи го името, ќе се пронајдат во овој сентимент и ќе најдат нешто подлабоко: крстосница помеѓу познатото и непознатото“.

Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo

Mixed Emotions е мирис за секого, дизајниран да ја изрази бурната природа на модерното време – со сите подеми и падови, рефлексиите на нестабилната реалност, како и светот во постојано движење. Истражувајќи го отсуството на хармонија, Mixed Emotions ги става на исто место познатото и неочекуваното, за да создаде мирис што е кохезија во своите контрасти.

Потпирајќи се на филозофијата на Byredo за пренесување на фрагментираните спомени и апстрактните идеи во мирис, Mixed Emotions ја отсликува нашата моментална, колективна состојба на умот. Меките и лесни ноти на мате и острата слаткост на црната рибизла, сместени во рамки на дрвенести тонови, смирувачкиот мирис на црниот чај и листовите синоличка.

Mixed Emotions е потсетник дека Е ВО РЕД ДА НЕ СЕ БИДЕ ВО РЕД – и дека од вознемирувачките искуства може да се создаде нова реалност.

Горни ноти: мате, рибизла

Средни ноти: црн чај, лист синоличка

Базна нота: бреза, папирус

Byredo

Byredo

 

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.