Австријската компанија Migaloo го изненади пазарот на суперјахти со откривањето на дизајнот на M5 подводна суперјахта, долга од 165 метри. Според техничките податоци може да се спушти на длабочина до 250 метри и да остане под вода четири недели, обезбедувајќи неверојатна доживување со хелипад, базен, фитнес и кино.
Компанијата објави и дека веќе прима нарачки и дека тие се во вредност од две милијарди долари. Подводната јахта M5 е со опсег од 15.000 километри, брзина од 20 чворови на површината или 12 чворови под површината, како и дека користи постоечка технологија за моторни јахти и за подморници, заради безбедност.


Потребите на сопствениците на суперјахти за нивните пловила се посложени и не вклучуваат само перформанси, должина или дизајн, објаснува извршниот директор и главен дизајнер на компанијата, Cristian Gumpold. Сопствениците бараат приватност, безбедност и заштита за нив, нивните гости и нивните вредности, или исполнување на уникатни искуства, па сè до желби од областа на науката. Според Gumpold, прелиминарниот дизајн на M5 претставува инспирација, а секој брод на Migaloo би бил дизајниран во соработка со сопственикот, за исполнување на неговите конкретни преференции и барања./М.М.
Деталите се на https://www.migaloo-submarines.com/m5-1-of-1/

You may also like

Comments are closed.