Колекцијата пред-есен 2024 е доказ за способноста на Plein да ја спои носталгијата со современиот стил, создавајќи моден наратив кој останува храбар и непредвидлив како и самиот дизајнер.


Philipp Plein за својата колекција наменета за пред-есен годинава вели дека црпи инспирација од ревијата одржана во 2008-та година, во воз изложен на саемот Bread & Butter. Тогаш претставената модна визија на Plein само делумно прави компромиси со оваа, од 2024-тата.


Plein ја спомнува и носталгијата и нежната природа на сеќавањето на времето во кое сè било помалку структурирано и поспонтано. Размислувајќи за промената кон поструктуриран пристап, дизајнерот ја поврзува со еволуцијата на неговиот бренд.


Колекцијата нуди широк пристап кон дизајни за мажи и за жени: од букле јакни и здолништа со Swarovski, комплети со тексас акценти, како и волуменизирани моторџиски фармерки. Колеџ јакните добиваат тату шари, додека костимите со кристални шари заземаат централно место кај машката облека.


Колекцијата за пред-есен 2024 е доказ за способноста на Plein да ја спои носталгијата со современиот стил, создавајќи моден наратив кој останува храбар и непредвидлив како и самиот дизајнер.


Philipp Patrick Hannes Plein е германски моден дизајн, претприемач и основач на Philipp Plein International Group, во која се брендовите Philipp Plein, Plein Sport, како и Billionaire. Брендот е со централа во Лугано, Швајцарија, каде што е студиото за дизајн, производство и дистрибуција на луксузните стоки ширум светот./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.