Започна одбројувањето до најславната вечер во модата – Музејот на уметноста Метрополитен (Metropolitan Museum of Art), во Њујорк, се подготвува да биде домаќин на Met Gala 2024, со тема која, се верува, ќе ги трогне, потсети и поттикне присутните и публиката.
Имено, годинава Met Gala ќе ги пренесе гостите во мистичното царство на „Градината на времето“, црпејќи инспирација од истоимениот расказ на J.G. Ballard. Поставен во заднината на изложбата на Costume Institute на тема Sleeping Beauty: Reawakening Fashion, настанот е со цел да послужи како енергична прослава на трајното наследство на модата и на нејзината симбиотска врска со природата.
Како водители на настанот најавени се Jennifer Lopez и Zendaya, а ќе им помагаат Chris Hemsworth и Bad Bunny.
Вниманието е насочено кон темата со истражувањето на цикличната природа на човечката историја, низ која се пресликува вечниот циклус на создавање и на уништување прикажан во „Градината на времето“(The Garden of Timе). На изложбата ќе се прикажат 250 историски значајни парчиња, љубезно наречени „заспани убавици“, кои претставуваат потресна приказна за еволуцијата на модата низ времето.
Очекувањата веќе се зголемуваат додека модните ентузијасти шпекулираат за цветните мотиви на црвениот тепих и креативните интерпретации на длабоката порака на темата. Со цени на билети кои почнуваат со 37.000, но не завршуваат со 200.000 долари, Gala се очекува и годинава да генерира значителни приходи за активностите на Costume Institute.
Додека модниот свет со нетрпение ја очекува овогодинешната Gala, нарекувана и Оскар на модата, едно е сигурно – темата ветува дека ќе биде трансформативно патување низ аналите на модната историја, потсетувајќи нè на вечната убавина што се наоѓа во минливите моменти на времето.
Германскиот производител на автомобили Porsche е официјален партнер на годинешното издание – на настанот премиера ќе има нивната иновација, електричниот SUV Macan./M.M.