eurovision.tv

Креативната визија на ЕТРО и стилот на модерната рок-ренесанса, годинава на Måneskin им донесоа победа и на музичкиот фестивал во Санремо

Måneskin е италијанска рок група од Рим, предводена од вокалистот Damiano David, басистката Victoria De Angelis, гитаристот Thomas Raggi и тапанарот Ethan Torchio. Победници се на годинешниот Sanremo Music Festival 2021 како и на Eurovision Song Contest 2021, каде што ја преставуваа Италија.

Евровизискиот настап, како и оној на Санремо, всушност беше ново патување низ музика и стилот, набиено со емоции и смела креативност, создадено од нивниот бунтовен став, оригиналниот текст, уникатното пеење и – единствениот стајлинг на ЕТРО.

Ова е дефинитивно новиот став на ETRO за глам метал стилот: Смел, но сепак деликатен стајлинг што го дефинира и изгледот на Мaneskin.

Креативната визија на ЕТРО за евровизискиот настап всушност е стил на модерната рок-ренесанса. Посветен е на нескротливиот дух на Мaneskin и на сите страствени души, сонувачи и слободо-мисленици кои уживаат во инспиративната сила на музиката./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.