Maison Margiela

Во време на изолација се оценуваат и се преоценуваат поврзувањата и независноста. Потпирањето на една личност врз друга, сепак, како да е од витално значење за инстинктот и довербата. За колекцијата Co-Ed пролет-лето 2021 година, модната куќа го толкува ова усогласување преку тангото.

Енергичен и интензивен, танцот е катарзичен: ослободувајќи го духот на старото, ја инспирира страста да се продолжи понатаму. Принудува прифаќање, тоа најавува нови почетоци, повикува на промена.

Во втората и последна инсталација на S.W.A.L.K. – филмскиот проект, налик на рапсодија, посветена на  создавањето на колекцијата, креативниот директор John Galliano демонстрира како уметничките техники развиени за колекција на високата мода, создадена од мајстори занаетчии поминуваат и низ индустриски процес за колекција да стане подготвена за носење.

Преку чувството за заедништво, за семејните вредности и смена на генерациите, кои се централни во културата на тангото, филмот – оживеан од имиџ-мејкерот Nick Knight – го осветлува и екосистемот на Maison Margiela. https://www.maisonmargiela.com/si/collection/cp_mm_coed_ss_21_section

Колекцијата ја потпишува John Galliano, славниот британски моден дизајнер, познат по екстравагантните колекции на Диор и Живанши, а кој сега е е креативен директор на Maison Margiela.

 

 

 

 

 

 

Maison Margiela, поранешна Maison Martin Margiela, е француска луксузна модна куќа со седиште во Париз, основана во 1988 година од белгискиот дизајнер Мартин Маргиела. Модната куќа паралелно создава колекции висока мода, како и произведува и занаетчиски колекции, инспирирани од висока мода и колекции ready-to-wear, со дизајнерско влијание на високата мода врз онаа подготвена за носење./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.