
Меѓу класиката и трендот – Луј Витон ја носи балетската префинетост на урбаните улици.
Модниот гигант Луј Витон (Louis Vuitton) ја потврди популарноста на балетскиот тренд со најновото лансирање на патики инспирирани од балет – LV Sneakerina. Со тоа, брендот се приклучува на се поголемата листа на дизајнери кои ја слават комбинацијата на елеганција и на спортскиот стил.
Новиот модел претставува патики со низок профил -ги карактеризира удобноста и прецизноста, слична на балетските обувки.
Изработени се од висококвалитетна телешка велур кожа, а карактеристичниот монограм на Луј Витон е втиснат и на ѓонот, како дел од внимателно осмислениот дизајн.
Со овој потег, Луј Витон го зацврстува балеткор (balletcore) трендот кој повторно добива на популарност, овојпат во одделот за обувки. Освен Луј Витон и други модни куќи, како Cecilie Bahnsen, Chloé и Dries Van Noten, го прифатија овој стил. Bahnsen понуди своја верзија со велкро затворачи и цветни детали, Chloé ги спои балетските линии со ригидноста на боксерски обувки, додека Dries Van Noten создаде модел кој подеднакво добро се вклопува и со класично палто и со фармерки.
Новиот модел LV Sneakerina претставува симбол на современата мода која се стреми кон спој на префинетост и удобност, потврдувајќи дека балетските патики се следниот голем моден хит./M.M.