Imagination на Louis Vuitton е нов, цитрусно ароматизиран парфем за мажи. „Пет години сонувам да ја откријам убавината на амбрата и да го изразам значењето на нејзините ноти на начин соодветен за моментот, без никаква носталгија“, објаснува парфемерот на Louis Vuitton, Jacques Cavallier.
Парфемот содржи свежи ноти, идеални за летната сезона. Врвните ноти се калабрискиот бергамот, сицилијанскиот портокал и цитронот; средни ноти се тунискиот нероли, нигерискиот ѓумбир и цејлонскиот цимет; основните ноти се амброксан, кинескиот црн чај, гвајак дрвото и олибанум. Нигеријскиот џумбир и цејлонскиот цимет даваат впечаток на целата мирисна приказна, комплетирајќи беспрекорна композиција.
Со цена од 283 долари за 100 мл. парфемот е достапен за купување./М.М.