Li Yuchun, позната како Chris Lee, на социјалните мрежи е претставена како нов амбасадор на YSL Beauty, прв портпарол на брендот кој доаѓа од Кина. Таа е пејачка, текстописец, диџеј и актерка. Дебитираше во својата пејачка кариера на кинескиот натпревар за пеење „Супер девојка“, во 2005 година. Следната година го издаде својот деби албум „Кралицата и соништата“.
На андрогената пејачка, луксузните модни брендови и се добро познати. Не само што беше амбасадорка на Gucci во Азија, туку и портпарол на Diesel, и беше прогласена за „неофицијална муза“ на Givenchy.
За нејзиното влијание најдобро говори податокот за 1,1 милиони прегледи на хаштагот за веста за нејзината поврзаност со YSL Beauty на Weibo, во рок од четири часа./M.M.