Blumarine

Leopard Collection  е само дел од големата есенско-зимска колекција на Blumarine. Во неа можеби на најдобар начин е претставен оптимизмот по минатогодишните пандемиски затворања.

Blumarine

https://www.blumarine.com/en/blumarine/apparel/

Слободната и заводлива женственост овој пат е потенцирана низ  присуството на ретро елементите на кои им е даден нов сјај, особено е видливо во ѕвонестите панталони, тесните здолништа, и, секако, леопард дезенот.

Колекцијата е инспирирана од лежерниот поп гламур од 2000-тите, со траги на трендовите од 70-тите, за така, како моден времеплов, да ги добие новите ноти и да ја исполни есента и зимата 2021/22.

Blumarine

Женственоста не е формула – посочува креативниот директор на Blumarine, Nicola Brognano  – тоа е хармонија на контрасти која постојано се развива, како приказна за смирени спротивности. Blumarine креира и создава од таквите постулати.

Ретро провокативните и едновремено романтични парчиња ги следат кодовите на Blumarine./M.M.

Blumarine

Blumarine

Blumarine

Blumarine

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.