Lady Gaga ја ребрендираше својата козметичката линија и склучи договор со Sephora

Козметичкиот бренд на Lady Gaga Haus Laboratories, со вегански производи создадени без суровост врз животните, доби ново име и нов партнер за малопродажба.

Под ново име, Haus Labs официјално ќе започне на 9 јуни на Hauslabs.com, на глобално ниво, на онлајн Sephora во САД и Канада, како и во преку 500 продавници во големите светски метрополи.
„Исклучително сум возбудена што можам да објавам дека на светот му носиме сосема нова, надополнета, чиста, уметничка шминка, преку местото што со години ме инспирира – Sephora“, напиша Lady Gaga на својот профил на Инстаграм.
„Во Haus Labs, уметноста е за секого и никој не треба да ја оштетува својата кожа или да ги жртвува своите принципи и вредности за да се самоизрази со шминка со високи перформанси./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.