La Perla

Секогаш со почит кон жените и нивните желби, La Perla ја отвори 66 години долгата историја на долната облека, за од своите архиви да изнесе ексклузивна колекција во ограничено издание.

Iris Law се појавува во најновата кампања на La Perla, снимена од Indigo Lewin, инспирирана од вибрациите на 80-тите, од архивите на брендот.

За прв пат досега, 66 години стариот, легендарен бренд за долна облека, создаде ограничена едиција на колекција, нуркајќи во богатите архиви на брендот, за со прочуените црни парчиња со тантели, да го најави периодот на засилување и прослава на женственоста.

La Perla

Провокативна, но вкусна, колекцијата слави сè, од фино, луксузно и сензуално опремена долна облека, изработена од нежна италијанска жакард чипка, до растегливи фустани од свила, како и фустан со едно рамо од италијанска свила и сатен. Од архивите се извадени модни парчиња од основачот на брендот, дизајнерката Ada Masotti, во ограничено издание, подготвени за носење./M.M.

La Perla

La Perla

https://eu.laperla.com/new/

 

 

You may also like

Comments are closed.