На децата им е потребна здрава и балансирана исхрана која ја вклучува секоја група храна, за да добијат широк спектар хранливи материи кои би им помогнале во нивниот развој. Лебот и житарките се добар извор на хранливи влакна, јаглехидрати, протеини, како и витамини и минерали. Оваа група храна треба да претставува главен извор од кој децата добиваат енергија за целиот ден. Житните зрна се основен дел од здравата исхрана, обезбедувајќи хранливи материи за нормален раст и развој на детето.

Јаглехидратите се разложуваат на едноставни шеќери кои потоа клетките на телото ги користат за енергија. Децата се постојано активни, се движат, играат, учат и им треба многу енергија во текот на целиот ден. Ограниченото внесување јаглехидрати ја ограничува и количината енергија што детето ја има во текот на денот.

Покрај тоа, децата се во постојан процес на раст. Дури и кога мирува, детското тело расте и се развива, а тоа бара енергија. Мозокот користи глукоза (еден од едноставните шеќери) како единствен извор на енергија. Јаглехидратите што би ги добиле од лебот се потребни и да го одржуваат мозокот постојано подготвен. Ова е важно за сите деца, но особено за оние на училишна возраст кои посветуваат голем дел од денот на учење и треба да бидат сконцентрирани подолг временски период.

Заради големата потреба на детето од хранливи состојки се создаваат разни видови храна чиј состав е збогатен. На домашниот пазар од неодамна е достапен наменски направениот детски леб Тости, пченичен леб со вкус на путер и ванила. Веќе постојниот нутритивен состав на овој леб, Жито Лукс го збогати со калциум и витамин Д, кои придонесуваат за цврсти и здрави коски, како и железо кое помага за нормален когнитивен развој. Витаминот Д, исто така, го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем кај децата. Четири парчиња од Тости лебот за деца обезбедуваат над 30% од потребната дневна количина од овие елементи. Тости е наменет за деца којшто со својата хранлива вредност и состојки покрива голем дел од дневните потреби на детето. 

Секој родител се соочил со пребирливост кај своето дете кога станува збор за храна. Новиот пченичен леб од линијата лебови на парчиња е со вкус на путер и ванила, нешто што ретко кое дете би го одбило. Навистина одлична комбинација за вкусен оброк со хранливи материи, неопходни за нормален раст и развој кај децата.

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.