Kim Kardashian

Kim Kardashian е повторно на насловните страници, овој пат поради Олимписките игри во Токио. Од Skims на Kim Kardashian соопштено дека се официјални спонзори на олимпискиот тим на САД.

Skims линијата на облека на Kardashian ќе биде официјален спонзор на долната облека на спортистките на Соединетите Американски Држави на претстојните Олимписки игри во Токио.

Така, покрај Ralph Lauren, долгогодишниот официјален моден дизајнер на олимписките униформи на тимот на САД, Kim Kardashian и Skims ќе бидат задолжени за долната облека на атлетичарките на Олимпијатата и Параолимписките игри во Токио.

Риалити ѕвездата и претприемач на Инстаграм соопшти дека нејзиниот очув, Caitlin Jenner, ја инспирирал за оваа новата колекција и додаде дека „сè е можно ако работите доволно напорно“.

Skims

Одржувајќи го фокусот на брендот кон здравјето и удобноста, тимот на САД изјави дека колекцијата ќе содржи облека за спиење и за дневна употреба – дека се направени од ултра меки ткаенини и извонредно удобни. Во кампањата, starѕвездите атлетичарките Alex Morgan, Haley Anderson, Scout Bassett, Dalilah Muhammed и A’ja Wilson ја носат долната облека на Skims од серијата што на интернет ќе биде објавена само на 12 јули. L’Officiel објави еден од комплетите што амреиканските спортистки ќе ги носат во Токио, како и фотографии од посетата на Kim Kardashian на Рим.

Деновиве Kardashian е во Рим, каде што ја придружуваат блиски соработници и некои членови на семесјтвото. Посетата според упатните е дел од промоцијата на новиот деловен успех поврзан со Олимпијатата. Критикувана за несоодветното облекување при посетата на Ватикан, каде што, како што вели,  имала можност да ги види одорите на папите, Кардашијан напиша на Инстаграм: „Не грижи се, јас се придржував до кодексот на облекување и целосно се покривав додека бев во базиликата Свети Петар и Сикстинската капела“./М.М.

You may also like

Comments are closed.