МодаТрендови

Joie de vivre во најновата колекција на Blumarine за есенва

Blumarine

Joie de vivre, оптимизам, чуство на заводливост – така Blumarine ја преставува својата есенско/зимска колекција, славејќи ја сензуалноста и женственоста. Колекцијата е инспирирана  од лежерниот поп гламур од 2000-тите, со траги на трендовите од 70-тите, за така, како моден времеплов, да ги добие новите ноти и да ја исполни есента и зимата 2021/22. Женственоста не е формула – тоа е хармонија на контраст, која постојано се развива, како приказна за помирени спротивности. Blumarine креира и создава од таквите постулати.

Blumarine

Присуството на ретро елементите на кои им е даден нов сјај, особено е видливо во ѕвонестите панталони, тесните, макси здолништа, како и на појасот со логото на Blumarine што го носат сите модели.

Колекцијата е секси, млада и провокативна, посочува креативниот директор на Blumarine, Nicola Brognano: во согласност е со духот на новото време, со секси и романтични парчиња кои ги следат кодовите на Blumarine.

Blumarine

https://www.blumarine.com/en/corporate/blumarine/collections/collection_blumarine_21_22_fw_show.php

Инаку, Blufin S.p.A. е италијанска модна куќа основана од Anna Molinari и нејзиниот покоен сопруг Gianpaolo Tarabini. Основниот бренд е Blumarine, која тие ја започнаа во 1977 година, по која ги создадоа и Miss Blumarine, Blugirl и Anna Molinari, кои потоа се репозиционира како нивен луксузен бренд. Седиштето и студиото се во Капри, а моделите на Blumarine, се продаваат во уште 55 продавници како и преку интернет./М.М.

Blumarine

 

Blumarine

Blumarine

Blumarine