Веста за потпишувањето на договорот на Johnny Depp со француската модна куќа Dior викендов беше топ тема, особено во светот на модната, кадешто се потенцира дека станува збор за досега најголем договор потпишан за рекламирање на машки мирис, вреден над 20 милиони долари

Depp е заштитно лице на машкиот парфем Dior Sauvage од 2015 година, а француската модна куќа застана на страната на актерот, во текот на неговото судење со поранешната сопруга Amber Heard минатата година.
Потврда на веста досега е објавена од Variety и од The Hollywood Reporter и во неа се потенцира дека ѕвездата на Pirates of the Caribbean има потпишано тригодишен договор со Christian Dior Parfums во вредност од над 20 милиони долари.
Independent денес очекува официјална потврда на информацијата, а од Variety забележуваат и дека бројките на договорот на Depр го засенија оној на договорот на Robert Pattinson од 12 милиони долари со Dior Homme и на Brad Pitt, од 7 милиони долари, за промоција на Chanel No 5./M.M.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.