Речиси еден век по првото создавање, Shalimar продолжува да ги инспирира жените кои го носат неговиот мирис како и парфимерите на Guerlain кои продолжија да составуваат извонредни нови варијации на мирисот.
Таков е Iris Millésime – најновото мирисно издание на Guerlain кое, според парфемската куќа е „како изјава за љубов и прослава на неверојатна инспирација, која во легендарниот Shalimar во центар на парфемот го става ирисот што ги следи претходните Millésimes на Shalimar.
Shalimar е мирис на сензуалноста, вели Delphine Jelk,парфимер на Guerlain. Овој Millésime, компониран околу ирисот, открива таква сензуалност на кожата што ме потсетува на нежноста на свилата.
Интимно заводлива и сензуална, новата композиција на Guerlain тргнува од ирисот. Штом ќе ја допре кожата ирисот носи ноти на пудра во карактеристично свежиот бергамот кој, вообичаено, се наоѓа во Shalimar и Guerlinade. Поставен заедно со розата и белиот мошус, ги открива своите аспекти налик на скапоцен камен и карактеристичната олфакторна комплексност за прикажување на цветни, кадифени ноти кои се чувствуваат сензуално на телото.
Легендарниот парфем на Guerlain, Shalimar, е безвременски мирис во оригинално шише кое симболизира митска, огненаљубовна приказна. Првиот килибарен мирис во парфимеријата, навестува и отелотворува опојна женственост./М.М.