Innisfree природните производи, се со понуда која подразбира природна убавина подигната на повисоко ниво. Линијата вклучува тониран хидратантен крем, тониран балсам за усни и маскара – сите целосно вегански производи. Дури и црвените пигменти во балсамот се растителни, добиени од цвекло и сладок компир. Производите се со EVE Vegan сертификат.
Simple Label. While е имено целосно нова линија на шминка, а од останатите се разликува по својата целосна природност и едноставност. Наменета е за оние кои со само неколку природни производи сакаат да изгледаат блескаво, а шминката да ја нанесуваат за најкусо можно време. Претставувањето на колекцијата е на следниов видео линк:
Постојните производи вклучуваат, тониран хидратантен крем, тониран балсам за усни и маскара – трите најважни работи за лесна и природна, секојдневна шминка, кога имате само пет за да се подготвите.
Хидратантната крема, Simple Label Tinted Moisturizer е дерматолошки тестирана, тонирана, хипоалергична и со додаден заштитен фактор. Тонираниот балсам за усни е во три розови нијанси.
Маскарата е дизајнирана да ви даде долги трепки, без грутки. Тенката четка помага речиси веднаш да дојдете до основата на вашата трепки, без размачкување.
Innisfree е јужнокорејски бренд за козметика, во сопственост на Amore Pacific.во 2000 година. Името на брендот произлегува од поемата на ирскиот поет В. Б. Јитс, „Островот на езерото Инсифри“./M.M.