Рекламната кампања на Herve Leger, посветена на пред-есенската колекција на модната куќа, прикажува серија на елегантни фустани кои зрачат со софистицираност. Моделот Angelina Artemievа ја отелотворува суштината на колекцијата, снимена од познатиот фотограф David Roemer (Atelier Management).
Палетата на бои во оваа исклучителна колекција тргнува од неверојатна смарагдно зелена, огнено црвена до топлите беж и браон неутрални тонови – се до безвременската привлечност на црната и на белата. Она што е карактеристично за оваа колекција е новата интерпретацијана легендарниот bandage фустан, со кој Herve Leger го освоимодниот свет. Новите варијанти на bandage фустаните се нагласени со помош на разни детали но останува доминантно истакнувањето на силуетата.
Herve Leger е француска модна куќа основана од дизајнерот Hervé Peugnet, познат и како Hervé L. Leroux. Дизајнерот остана запаметен и препознатлив по таканаречениот bandage фустан, кој го лансира во 1989 година. Се работи за припиен модел на фустан, направен од сошиени и споени еластични ленти, налик на завои замотани околу телото, со цел максимално да се нагласи женската силуета. Hervé го креираше фустанот во разни бои, должини и стилови, за и денес да се носат неговите варијации. Bandage моделот e особнено популарен кај холивудските ѕвезди.
Гламурозната колекција на модниот бренд Herve Leger за пред есен 2023 може да се види тука./М.М.